Никола Јокиќ беше извонреден на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри. МВП играчот од НБА лигата за малку ќе ја одведеше Србија до сензационална победа над САД во полуфиналето, но потоа се утеши со триумф над светскиот првак Германија во мечот за бронзата.
Откако го прослави медалот и слета во Белград, веројатно најдобриот светски кошаркар веднаш со семејството замина во Сомбор. Тој имаше важна причина за тоа.
Денеска во родниот град на Јокиќ се одржуваат коњички трки. Не можеше тоа да го пропушти најголемиот љубител на коњите и коњските трки меѓу кошаркарите. Затоа во негов опуштен стил се појави на хиподромот во Сомбор.
🃏 Nikola Jokić je stigao u Sombor gde će pratiti Kasački derbi! pic.twitter.com/rVB7TXEjTb
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) August 11, 2024