Бостон селтикс стигна до седмата победа во низа, односно деветта во последните 10 меча во НБА лигата, откако на свој терен со 108:102 го победија Денвер нагетс. Двете екипи се менуваа во водство, а во финишот при резултат 98:97 за Бостон, домаќините направија мини серија од 6:0 и стигнаа до 104:97, што беше недостижно за Денвер.
Никола Јокиќ повторно беше најдобар играч на теренот. Србинот имаше 23 поени, 16 скока и 11 асистенции, што беше доволно за неговиот 77 трипл-дабл во кариерата, а 14-ти оваа сезона.
Сепак, Јокиќ не можеше сам да се спротистави на расположените домашни играчи предводени од Џејсон Татум кој заврши со 24 поени. Бостон на овој меч имаше само соум играчи за игра, но и тоа беше доволно да продолжат со победничката низа.
Демар Дерозен ја игра можеби најдобрата кошарка во кариерата. Ѕвездата на Чикаго веќе петти меч по ред дава над 30 поени. Овојпат застана на бројката од 35 поени во победата на Биковите против Минесота. За Чикаго ова е 35 победа во 56 меч сезонава и моментно е на третото место на Истокот.
Кливленд стигна до 13 победа во последните 16 меча, откако на гости славеше против индијана со 120:113. Индијана водеше и со 21 разлика (51:30), а пред крајот на третата четвртина беше и 94:76 за домаќините, но Кливленд направи пресврт.
Резултати: Детроит – Шарлот 119:141, Индијана – Кливленд 113:120, Филаделфија – Оклахома 100:87, Атланта – Сан Антонио 121:136, Бостон – Денвер 108:102, Чикаго – Минесота 134:122, Јута – Орландо 114:99.