Шест меча се одиграа утрово во НБА-лигата, а дури на три, победникот беше решен со еден поен разлика. Денвер нагетс славеше на гостувањето во Калифорија против Сакраменто со 130:129 во меч на кој Никола Јокиќ повторно имаше трипл-дабл. Српскиот центар заврши со 20 поени, 14 скокз и 13 асистенции, доволно да стигне до 140 трипл-дабл во кариерата.
Освен Јокиќ, одличен беше и Џемал Мари, кој постигна 28 поени, а го реализира и победничкиот кош на помалку од 10 секунди до крајот. Сакраменто го имаше последниот напад за победа, но домаќините не реализираа.
Возбудливо беше и во Детроит, каде што домаќините го изненадија Мајами и го победија со 125:124 и тоа дури по продолжение. Џими Батлер беше расположен за игра и постигна 35 поени за Мајами, а Малик Бисли со 28 поени беше најефикасен кај победничкиот тим.
Во регуларниот дел Детроит водеше со 114:111, но Мајами даде тројка за продолжение. Во дополнителните пет минути домаќините сепак успеаја во завршницата да бидат подобри и се радуваа.
На гостински терен се радуваше и Чикаго со 122:121 против Торонто, но тука не беше драматично затоа што гостите имаа предност од 121:116 на помалку од 15 секунди до крајот, па Торонто само стигна до минимален пораз.
Резултати: Шарлот – Филаделфија 108:121, Детроит – Мајами 125:124 по продолжение, Бруклин – Кливленд 101:130, Торонто – Чикаго 121:122, Сакраменто – Денвер 129:130, ЛА клиперс – Јута 144:107.