23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јокиќ ги растури Лејкерси во ноќта посветена на Коби, неверојатна партија и на Дончиќ (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс го совладаа ЛА лејкерс со 114:106 благодарение на одличната партија на Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер мечот го заврши со 24 поени, 13 скока и девет асистенции, а од едно додавање на Ентони Дејвис „сè уште му се врти во главата“.

 

На една минута пред крајот, Остин Ривс се обиде да му ја украде топката на Јокиќ, но центарот успеа да ја сокрие топката и потоа да го проигра Мајкл Порте јуниор, кој постигна тројка со која ја завери победата на Денвер.

Јокиќ блескаше во ноќта посветена на Коби Брајант бидејќи Лејкерси три часа пред почетокот на мечот поставија бронзена статуа од легендарниот кошаркар.

Одлична партија имаше и Лука Дончиќ, кој со 39 поени и 11 асистенции го предводеше својот Далас маверикс во победата од 122:108 над Њујорк никс во славната арена „Медисон сквер гарден“.

Дончиќ погоди седум тројки од 14 шута и се искачи на првото место на најдобри стрелци зголемувајќи го просекот на 34,6 поени и 9,4 асистенции по меч.

 

Промената на тренерот не донесе ништо добро за Милвоки бакс, кој беше прегазен од Минесота тимбервулфс со 129:105. Ентони Едвардс со 26 поени ја предводеше Минесота, додека кај Милвоки најдобар беше Грин со 27 постигнати поени.

Резултати: Индијана – Голден Стејт 109:131, Орландо – Сан Антонио 127:111, Бруклин – Кливленд 95:118, Њујорк – Далас 108:122, Мемфис – Чикаго 110:118, Милвоки – Минесота 105:129, Феникс – Јута 129:115, ЛА Лејкерс – Денвер 106:114, Портланд – Детроит 122:128.

 

- Оглас -

Најнови вести