Јокиќ ги учеше Американците како да честитаат Божиќ на српски (Видео)

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по одличната партија која ја зачини со трипл-дабл од 28 поени, 15 скока и 10 асистенции, во интервјуто на теренот по завршувањето на средбата со новинарката Кејти Винџ, им објасни на Американците како се честира Божиќ на српски јазик.

„Мир Божји, Христос се роди. Така велиме ние“, рече Јокиќ.

Јокиќ со новиот трипл-дабл, дојде до 10 вакви остварувања сезонава и им се приклучи на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук кои се единствените што во шест различни сезони, оствариле двоцифрен број на трипл-даблови.

- Оглас -

Најнови вести