Јокиќ ги замолкна критичарите: Не слушам луѓе кои никогаш не шутнале топка (Видео)

Кошаркарот на шампионот Денвер нагетс, Никола Јокиќ, пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, предизвика бура од реакции со неговата последна изјава.

Јокиќ кој во последните три сезони освои една шампионска титула и беше прогласен за МВП на финалето, и има две МВП признанија за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, често е потценуван од дел од новинарите и фановите.

НБА-лигата пред стартот на новата сезона направи документарен филм за освоената титула на Денвер, а во фокусот беше главната ѕвезда а тимот, Никола Јокиќ, кој притоа со една изјава ги замолкна критичарите кои постојано го потценуваат и ја критикуваат неговата игра.

„Не слушам луѓе кои никогаш не шутнале топка или имаат постигнувале просечно помалку од пет поени во животот. Никогаш не стапнале на паркетот, никогаш не ја почувстувале публиката, никогаш немале притисок“, зборива Јокиќ.

https://twitter.com/i/status/1715464482917437860

 

 

- Оглас -

Најнови вести