„Предавникот“ Јокиќ главен на журката на српските кошаркари (Видео)

На српските кошаркарски репрезентативци им беше приреден дочек во Белград од бројни фанови по повод освоеното второ место на Светското првенство, а потоа тимот се упати во еден локал, каде што журката траеше до раните утрински часови.

За некого шок, за други нормална работа, таму се појави и најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, кој не играше на Мундобаскетот. Со него Србите можеби ќе беа шампиони, многумина му се лутеа, но во репрезентацијата сметаат дека најкорисниот играч во НБА е дел од тимот и можеби ова е најава дека Јокиќ ќе заигра следното лето на олимписките игри во Париз.

Освен Јокиќ, на забавата беа и Василије Мициќ, Бобан Марјановиќ и Немања Недовиќ. Србија со нив имала многу посилен тим отколку овој летово, кој и некомплетен направи голем успех.

На кошаркарите друштво им правеше и Новак Ѓоковиќ со сопругата, но на забавата доминираше Јокиќ, кој во еден момент се соблече гол од половина нагоре.

- Оглас -

Најнови вести