Јокиќ го доби балканскиот дуел против Дончиќ, двете ѕвезди блескаа (Видео)

Денвер продолжува со одлични игри и е на вистински пат да биде дури и најдобар тим на Западот по регуларниот дел од сезоната. Ноќеска Денвер беше подобар од Далас со 118:109, во меч на кој во двата тима блеснаа балканските ѕвезди.

Лука Дончиќ беше расположен за поени и постигна 37, а плус имаше и девет асистенции, но, едноставно, Словенецот немаше поддршка од соиграчите, па победата замина на другата страна.

Кај Денвер, Никола Јокиќ стигна до 21-виот трипл-дабл сезонава откако српскиот центар заврши со 14 поени, 13 асистенции и 10 скока.

По мечот имаше и една помалку бизарна прес-конференција на која Дончиќ седеше на една училишна клупа. Словенецот го пофали Јокиќ.

„Со играч како што е Јокиќ, сигурно дека Денвер е фаворит на секој меч. Навистина е многу тешко да се игра против него, па, едноставно, кога имате играч каков што е Јокиќ, секогаш сте во улога на фаворит“, рече Дончиќ.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Шарлот – Сан Антонио 120:110, Индијана – Чикаго 117:113, Атланта – Њујорк 101:122, Бостон – Детроит 127:109, Бруклин – Мајами 116:105, Филаделфија – Кливленд 118:112, Мемфис – Јута 117:111, Оклахома – Хјустон 133:96, Денвер – Далас 118:109, Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 120:102.

- Оглас -

Најнови вести