Јокиќ го изгубил МВП-трофејот

По неколку блескави сезони во НБА-лигата, Никола Јокиќ конечно стигна до долгопосакуваниот трофеј, а тоа е шампион во најсилната кошаркарска лига во светот. За Денвер ова е прва шампионска титула, а токму Јокиќ беше најзаслужен за испишување на историјата.

Србинот беше прогласен за најдобар играч во финалната серија и го доби трофејот за МВП. Токму на тој трофеј му се губи трагата, а Јокиќ тоа го откри во едно интервју.

„Досега имам направено неколку интервјуа со играчи кои биле МВП на финалето“, но вие сте првиот што доаѓа без трофејот“, констатираше новинарката Малика Ендруз, а потоа остана збунета од одговорот на Јокиќ.

Србинот едноставно не знае каде му е трофејот и затоа не го зел со него.

„Навистина не знам каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот на Денвер) и потоа го снема. Не знам каде е, но се надевам дека некој ќе ми го достави до дома“, откри Јокиќ.

Во финалната серија против Мајами, Јокиќ имаше неверојатен просек од 30,2 поени, 14 скока, 7,2 асистенции и 1,4 блокади по меч и сосема заслужено го освои пехарот, кој сега не знае каде е.

 

- Оглас -

Најнови вести