Јокиќ го изведе својот препознатлив потег, Денвер победи (Видео)

Пет натпревари се одиграа ноќеска во подготвителниот период од НБА-лигата. Шампионот Денвер нагетс на свој терен без многу проблем го победи Чикаго со 116:102 во меч на кој домаќинот ги доби сите четири четвртини.

МВП-то од минатата сезона, Никола Јокиќ, покажа дека е добар и на „загревањето“ пред стартот од сезоната, па за 23 минути поминати на теренот успеа да постигне 15 поени, погодувајќи шест од девет шута од поле, а имаше и девет скока и пет асистенции.

Од сите поени што ги постигна Јокиќ, најатрактивен беше неговиот познат „Сомбор шафл“ шут. Јокиќ успеа да погоди скокајќи наназад на една нога, и тоа преку високиот Драмонд.

https://twitter.com/i/status/1713727323172917565

Во останатите мечеви кои ноќеска се играа во подготвителниот НБА-период постигнати се следните резултати: Шарлот – Оклахома 117:115, Мајами – Мемфис 132:124, ЛА лејкерс – Милвоки 97:108 и Сакраменто – Голден Стејт 115:121 по продолжение.

- Оглас -

Најнови вести