10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Јокиќ го надмина и Мајкл Џордан, но посебно историски меч одигра Лука Дончиќ

Екипите на Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс победија во НБА лигата, а предводници им беа големите ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Кошаркарите на Денвер славеше победија на гости против Шарлот Хорнетс со 115:106, во меч на кој гостите одиграа одлично во третата и четвртата четвртина, а на крајот заслужено славеа победа. Л.А. Лејкерс исто така забележаа триумф на гости, победувајќи ја Филаделфија со 112:108.

Предводник на триумфот на Денвер повторно беше Јокиќ, кој мечот го заврши со 28 поени, девет скока и 11 асистенции. Со тие 11 асистенции, Јокиќ стигна до вкупно 5.636 асистенции во својата НБА кариера и со тоа официјално го престигна легендарниот Џордан, кој имаше 5.633 асистенции.

Но, и Лука Дончиќ одигра историски натпревар во победата на својот тим. Словенецот имаше трипл-дабл со 31 поени, 15 скока и 11 асистенции. Со овој биланс Дончиќ го престигна Никола Јокиќ кога е во прашање вечната листа на трипл-дабл со најмалку 30 постигнати поени. Сега, само Оскар Робертсон е пред Дончиќ.

Резултати од мечевите кои се играа синоќа и ноќеска: Шарлот – Денвер 106:115, Мемфис – Портланд 119:96, Чикаго – Голден Стејт 91:123, Филадефија – ЛА Лејкерс 108:112, Јута – Оклахома 101:131, Торонто – Бостон 113:121, Њујорк – Орландо 106:100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести