35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јокиќ го одбил новиот договор со Денвер, а за тоа има дури 81 милиони причини

Трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ, одбил да потпише нов договор со Денвер Нагетс.

Потпретседателите на Нагетс, Бен Тензер и Џонатан Волас, му понудиле продолжување на договорот, но српскиот ас без двоумење ја одбил понудата.

Актуелниот договор на Јокиќ важи до летото 2028 година, но тој има клаузула со која може да се откаже од последната година од договорот, која вреди 63 милиони долари, и да потпише нов.

Раководството на Денвер сака да го задржи во тимот и по истекот на сегашниот договор, па му понудило продолжување на соработката за уште три години. Сепак, Јокиќ ја одбил и оваа понуда.

Имено, Нагетс сметале дека Јокиќ ќе се откаже од последната година и ќе потпише нов договор до 2030 година, вреден 212 милиони долари, но тој не мисли така.

Според правилата на колективниот договор помеѓу Асоцијацијата на играчи и НБА лигата, Јокиќ следното лето ќе има можност да се откаже од последната година на актуелниот договор и да потпише нов четиригодишен договор вреден дури 293 милиони долари.

Тоа значи дека Јокиќ не само што би заработил 81 милион долари повеќе, туку и би добил дополнителна година на договорот, кој би истекол кога ќе има 36 години, што му отвора можност да потпише уште еден профитабилен договор пред крајот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести