Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на социјалните мрежи објави фотографија од еден свој оброк, најверојатно ужина. Јокиќ, кој е познат по тоа што како дете и тинејџер многу сакал да јаде бурек, поради што имаше и проблем со прекумерна тежина, овојпат објави слика на која во чинијата има овошна салата.
Тешко е да се поверува дека Јокиќ може да се најаде од грозјето и бананата, во комбинација со овошен сок, па веројатно станува збор за ужина која ја подготвила неговата вереница.
„Ти благодарам љубов моја“, напиша Јокиќ.