Јокиќ го сопре сообраќајот и играше на сред улица во ритамот на трубачите (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ужива во одморот без кошаркарски обврски. МВП играчот во НБА финалето одби да игра за Србија на Светското првенство и сега ги „полни батериите“ дружејќи се со своите блиски.

Во изминативе неколку дена Јокиќ е многу расположен и постојано е во весело друштво опкружен со музика. Пред само два дена уживаше во песните на Цеца Ражњатовиќ, а сега беше снимен во родниот Сомбор, како излегува од автомобил и на сред улица почнува да игра на трубачите кои му свират. Потоа еден од пријателите, го повлекува Јокиќ да се врати во автомобилот и сообраќајот да може да се одвива нормално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportmaniak (@sportmaniak__)

- Оглас -

Најнови вести