28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Џезот на Јута не пали кај Јокиќ, ги декласира со рекордни 47 поени (Видео)

Никола Јокиќ продолжи да игра во маестрален стил во новата сезона во НБА-лигата и со 47 поени против Јута џез си го израмни личниот рекорд во НБА и беше лидер во победата од 127:118 на Денвер нагетс.

Популарниот Џокер постигна неверојатни 33 поени во првото полувреме и буквално правеше што сака на теренот. Погодуваше тројки, со неверојатна леснотија даваше кошеви од секоја позиција, собра и 11 скока, имаше и пет асистенции и одигра маестрална партија баскет против тимот што е во најдобра форма.

https://www.youtube.com/watch?v=pOvQwGIiEMg&feature=emb_logo

Јута пристигна во Денвер со најдолгата активна серија победи во НБА, Џезерите го очекуваа 12-тиот триумф, но доживеја нокаут, а походот од 11 меча на кои победуваа по ред им го сопре Јокиќ со помош на соиграчите.

Изненадување е и победата на Вашингтон визардс против Бруклин нетс со 149:146 во еден од најефикасните дуели сезонава.

Расел Вестбрук со 41 поен, 10 скока и 8 асистенции ја одигра најдобрата партија откако пристигна во тимот на Вашингтон, а Бредли Бил беше стандардно ефикасен и уфрли 37 поени, колку што имаше и Кевин Дурант во поразениот тим.

Херис постигна 30 поени, Кајри Ирвинг даде 26, но и тоа заедно со учинокот на Дурант не беше доволно за победа на фаворитот.

Резултати: Денвер – Јута 128:117, Вашингтон – Бруклин 149:146, Индијана – Филаделфија 110:119, Торонто – Орландо 115:102, Минесота – Кливленд 109:104.

- Оглас -

Најнови вести