Јокиќ и Денвер играат дома, но се аутсајдери, истото важи и за Индијана која води со 2:0

Оклахома имаше неверојатна сезона, најдобра во клупската историја во регуларниот дел од НБА лигата. Токму поради тоа, овој тим е еден од фаворитите за титулата, но Оклахома сега се соочува со предизвик наречен Денвер.

По првите два меча на кои Оклахома беше домаќин, резултатот е 1:1, што значи дека најдобриот тим од лигашкиот дел мора да брка брејк на теренот на Денвер. Првата шанса ќе ја има вечерва, а според квотите гостите се и во улога на фаворити.

Сепак не треба да се заборави дека на спротивната страна е Никола Јокиќ и „бандата“, а ако му тргне на српскиот центар, ретко кој може да го сопре и тогаш се е можно.

Во вториот меч кој се игра ноќеска, Индијата е домаќин на Кливленд. Тука Индијана прави чуда и води со 2:0 против фаворитот, а Кливленд иако игра на гости, иако има големо заостанување, сега е во улога на фаворит.

За овие два меча има преку 85 поединечни игри за „плус-минус“ на играчите кои треба да бидат на теренот. Тука се понудите за бројот на постигнати поени, остварени скокови, подалени асистенции, но и за постигнати тројки.

- Оглас -

Најнови вести