Јокиќ и Денвер имаат серија од седум победи по ред против Леброн и Лејкерси, но вечерва не се фаворити за продолжување на серијата (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат пет натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње.

Два од петте меча ќе се играат во европски термин, е програмата ќе започне со дуелот на Истокот меѓу Бруклин нетс и Атланта хоукс кои се борат за пласман во плеј-ин турнирот.

Атланта е десетта на табелата на Истокот со учинок од 26 победи и 33 порази, додека Бруклин е 11-ти со 23-36. Проблем за Атланта ќе претставува тоа што ќе игра без својот најдобар играч, Тре Јанг, кој неодамна имаше операција на раката и уште три недели ќе отсуствува од терените.

Вицешампионот Мајами хит конечно се комплетира, повредите и суспензиите се минато за Жешките кои вечерва се фаворити за победа против Јута џез (1.33).

Дерби на вечерта треба да биде дуелот кој ќе се игра во „Крипто.ком арена“ меѓу ЛА Лејкерс и шампионот Денвер нагетс. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс имаат ноќна мора од дуелите со Никола Јокиќ и Денвер нагетс кои имаат дури седум победи во низа. Минатата сезона, Денвер славеше со чисти 4-0 во финалето на Западната конференција, а сезонава Јокиќ и соиграчите славеа на досегашните два дуели (114:106 и 119:107).

Изненадувачки, според квотите, благ фаворит е ЛА Лејкерс за кого квотата изнесува 1.90, додека таа за Денвер да ја продолжи победничката серија е 2.06. Причина за ваквите квоти е повредата на зглобот на ногата на Џамал Мареј, за кого лекарите на Денвер ќе го дадат последниот збор дали одличниот бек ќе може да игра.

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени и во која може да погодувате за 38-мина кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести