0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Јокиќ и Денвер немоќни во дуелот со шампионот

Оклахома сити покажа шампионска моќ и победи во дерби-мечот против Денвер со 111-121 во најинтересниот натпревар од мечевите кои синоќа се одиграа во НБА-лигата. Ова беше 17-ти пораз за Денвер оваа сезона.

Пејтон Вотсон со 29 поени беше предводник на домашните, додека српскиот центар Никола Јокиќ имаше 16 поени (6/9 од поле), осум асистенции, седум скока и една украдена топка за 29 минути игра.

Кај Оклахома предводник беше Шеј Гилџес-Александер со 34 поени и 13 асистенции.

Лос Анџелес клиперс славеше над Феникс со 117:93 на гостински терен за 23-та победа сезонава. Најефикасен играч беше Кавај Ленард со 25 поени и осум скока, додека најдобар кај поразениот тим беше Грејсон Ален со 23 поени и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бруклин 130:77

Мајами – Чикаго 134:91

Торонто – Јута 107:100

Вашингтон – Сакраменто 116:112

Њујорк – ЛА лејкерс 112:100

Феникс – ЛА клиперс 93:117

Портланд – Кливленд 111:130

Сан Антонио – Орландо 112:103

Денвер – Оклахома Сити тандер 111:121

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести