Кошаркарите на Минесота убедливо го победија Денвер со 133:104 во меч на кој Никола Јокиќ беше сопрен да не направи нов трипл-дабл. Уште од самиот почеток Минесота поведе со 6:0 и потоа константно го контролираше водството, а на крајот од првата четвртина стигна до девет поени предност (40:31).
Денвер делуваше немоќно, а премалку беа Мари со 25 поени и Јокиќ со 20 поени. Едвардс со 34 поени беше предводик на Минесота. Денвер останува на четвртото место на Западот со 28 победи и 16 порази, додека Минесота е на осмото место со 23 победи и 21 порази.
Ентони Дејвис и Леброн Џејмс беа предводници на Лос Анџелес лејекрс во победата на гости кај Голден Стејт. Дејвис беше незадржлив и постигна 36 поени, а имаше и 13 скокови, додека Џејмс кој веќе наполни 40 години стигна до скор од 25 поени и 12 асистенции. На крајот Лејкерс победи со 118:108.
Во останатите мечеви: Бостон – Далас 122:107, Бруклин – Мајами 97:106, Орландо – Детроит 121:113, Шарлот – Њу Орлеанс 123:92, Њујорк – Сакраменто 143:120, Кливленд – Хјустон 131:135, Атланта – Торонто 94:117, Мемфис – Јута 125:103, Чикаго – Филаделфија 97:109, Феникс – Вашингтон 119:109, Лос Анџелес клиперс – Милвоки 127:117.