Јокиќ и Денвер тргнаа со пораз од Голден Стејт во плеј-офот на НБА

Екипата на Голден Стејт ворирорс поведе со 1:0 во првата рунда од плеј-оф серијата против Денвер, откако на домашен терен славеше со 123:107.

Тимот од Колорадо, за кој настапува и Никола Јокиќ, не одигра според очекувањата, а Србинот имаше учинок од 25 поени, 10 скокови и шест асистенции, а најефикасен на паркетот беше Џордан Пул од победничкиот тим кој уфрли точно 30 поени.

Следниот меч, овие два тима го играат за два дена каде што исто така Голден Стејт ќе биде домаќин.

Филаделфија 76-ерс, пак исто така го искористи домашниот терен и го победи Торонто репторс со 133:111. Изненадувачки е тоа што ниту Џоел Ембид или Џејмс Харден не се меѓу најефикасните, а со 38 поени на врвот се наоѓа младиот Тајрис Макси.

Единствената радост на гостите од доцниот европски термин ја донесе Минесота тимбервулфс која што со 130:117 ги победи Мемфис гризлис. Ентони Едвардс даде 36 поени и беше меѓу најзаслужните за триумфот на „волците“.

НБА

Мемфис гризлис – Минесота тимбервулфс 117:130

Филаделфија 76-ерс – Торонто рапторс 131:111

Голден Стејт ворирорс – Денвер нагетс 123:107

- Оглас -

Најнови вести