Никола Јокиќ и Лука Дончиќ покажуваат дека и во новата сезона од НБА лигата ќе бидат топ тема со своите маестрални игри. Српскиот центар во тимот на Денвер нагетс стигна до вториот трипл-дабл во третиот меч сезонава што го одигра. Откако беше предводник во победата над шампинот Голден Стејт, Јокиќ овојпат беше незадржлив во дуелот против Оклахома и на крајот заврши со 19 поени, 16 скока и 13 асистенции со што најави нов поход на МВП трофејот.
За Јокиќ ова беше вкупно 78-ми трипл-дабл во кариерата и се израмни со легендрниот Вилт Чемберлејн на вечната листа во НБА лигата. Рекордер по бројот на трипл-дабл е Расел Вестбрук со дури 194 трипл-дабл меча, а потоа следат Оскар Робертсон со 181 и Меџик Џонсон со 138 вакви постигнувања.
With his triple-double tonight, Nikola Jokic has tied Wilt Chamberlain for 6th All-Time in Triple-Doubles! https://t.co/wv370eK74A pic.twitter.com/RUvhKGsivf
— NBA History (@NBAHistory) October 23, 2022
Далас маверикс беше најубедлив ноќеска и со 41 разлика славеше против Мемфис гризлис (137:96). Дончиќ беше незадржлив и на крајот заврши со 32 поени, 10 асистенции, а му недостасуваа само три скока за трипл-дабл. Словенецот имаше фуриозен старт и даде дури 21 поени во првите девет минути од мечот, а Далас првата четвртина ја доби со убедливи 22 поени предност (39:17) и уште тогаш беше јасно кој ќе победи.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Филаделфија – Сан Антонио 105:114, Индијана – Детроит 124:115, Орландо – Бостон 120:126, Чикаго – Кливленд 96:128, Мајами – Торонто 112:109, Милвоки – Хјустон 125:105, Сакраменто – ЛА клиперс 109:111.