Јокиќ и друштвото ќе мораат да играат „мајсторка“, Њујорк го елиминира Детроит

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс на домашен терен славеа со 111-105 против Денвер нагетс и така израмнија на 3-3 во серијата, што значи дека патникот во четвртфиналето од плејофот на НБА лигата ќе биде одлучен во „мајсторка“.

Денвер сè уште ја има предноста на домашен терен и седмиот натпревар ќе го игра на свој паркет. Сепак, Никола Јокиќ и соиграчите можеа да ја решат серијата уште синоќа, бидејќи во драматичен натпревар гостинскиот тим имаше свои шанси.

Првото полувреме во Лос Анџелес беше повеќе од возбудливо, а двата тима неколкупати се менуваа во водство.

Клучната разлика Клиперс ја направија во третата четвртина кога домашниот тим поведе со максимални 15 поени предност (88-73). Враќање за Денвер немаше, а домашната одбрана успеа во последната четвртина да го затвори и Никола Јокиќ.

Еден од клучните промашувања го имаше Расел Вестбрук, кога во една од последните акции имаше шанса да ја намали разликата на четири поени, но промаши лесно положување. Домашниот тим тоа го казни во следниот напад и победата остана во Лос Анџелес.

Џејмс Харден беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени, а еден помалку постигна Кавај Ленард. Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 26 поени, осум асистенции и седум скокови.

Кошаркарите на Њујорк никс во многу драматичен натпревар успеаја да ги победат Детроит пистонс со 116-113 на гостински терен и така се пласираа во четвртфиналето на НБА лигата.

Никс славеа со 4-2 во победи и станаа претпоследен учесник во четвртфиналето од плејофот.

Џејлен Брансон со 40 поени го одведе Њујорк до конечна победа, а поддршка му даде Микал Бриџис со 25 поени.

Резултати: Детроит – Њујорк 113-116 (вкупно 2-4), ЛА клиперс – Денвер 111-105 (вкупно 3-3)

- Оглас -

Најнови вести