Денвер нагетс на гостински терен славеше против Бруклин со 122:117 во еден од шесте меча одиграни ноќеска во НБА лигата. Двократниот МВП играч, Никола Јокиќ беше предводник во победничкиот тим со 31 поени, 11 скока и седум асистенции.
Тоа што беше впечатливо на овој дуел, беа како изгледаа рацете на Јокиќ. За време на еден тајмаут, мораше да реагира и лекарската екипа, за да го санира крварењето од десната рака на Јокиќ, кој доби голема гребаница, поточно исеченица.
Крв имаше дури и на дресот на Јокиќ, а повредата Србинот ја здоби од некој од неговите ривали кои едноставно не бираат средства како да го сопрат.
https://youtube.com/shorts/qagjds3-Eck?si=9xJL0kodbzzzCAjc
Не е ова прва ваква ситуација за Јокиќ. Во 2019 година поради честите повреди и гребаници кои ги добиваше од ривалите рече дека дури размислува да игра и во долги ракави.
„Лидер сум по бројот на гребаници. Постојано крварам, ќе се навикнам и на тоа“, рече тогаш Јокиќ.
Уште една суперѕвезда беше незадржлива во НБА лигата. Стеф Кари постигна 30 поени, од кои осум тројки од 13 шута, во победата на Голден Стејт против Вашингтон од 129:118. Во победничкиот тим одлични беа и Џонатан Каминг со 22 и Клеј Томпсон со 20 поени.
Во останатите НБА мечеви кои се одиграа ноќеска: Филаделфија – Торонто, Хјустон – Далас 122:96, Мајами – Атланта 122:113 и Сакраменто – Феникс 120:105.