Дуелот на САД и Србија во Абу Даби попладнево од 18 часот може да биде показател за она што ќе се случува на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз.
Србите вчера беа поразени од Австралија со 11 поени разлика (84-73), а завчера Американците беа подобри од Австралијците со шест поени разлика (98-92).
Во составот на Србија вечер би требало да се појават Богдан Богдановиќ и Огнен Добриќ, кои не играа со Австралија, а веројатно ќе го нема Вања Маринковиќ кој се повреди вчера.
Според квотите во Sport Life, голем фаворит за победа е тимот на САД, основната хендикеп граница е поставена на 13,5 поени разлика, а за вкупен број на поени на мечот, границата е на 174,5 поени.