Најкорисниот кошаркар во НБА-лигата, Никола Јокиќ, има повреда на зглобот на десната рака, бил виден како го напушта шутерскиот тренинг со мраз на зглобот, а од Денвер нагетс го сместија Србинот во листата на неизвесни за настап.
Тоа што не е ставен кај повредените, туку кај неизвесните остава простор Јокиќ да игра вечерва за Нагетс против Њу Орлеанс пеликанс, но тоа би било ризик за тренерот Мајк Мелоун.
Јокиќ не е од тие што често се повредуваат и пропуштаат мечеви за да одморат, но можеби вечерва ќе добие поштеда.