Денвер нагетс го совлада Голден стејт вориорс со 119:103, а по мечот ѕвездата на шампионот Никола Јокиќ пред ТВ-камерите одлучи да се пошегува со соиграчите.
Тој во интервјуто за телевизијата ЕСПН ги прозва соиграчите дека го заборавиле неговиот 29-ти роденден кој го прослави точно пред седум дена.
„Ништо не ми купија, апсолутно ништо не добив. Тие се лоши соиграчи, всушност се ужасни соиграчи“, одговори Јокиќ на прашањето на новинарот дали добил некаков подарок од соиграчите.
Изјавата на Јокиќ стана хит на социјалните мрежи, па и Пи-ар тимот на Денвер нагетс одлучи да се вклучи објавувајќи на официјалниот профил на Икс дека сограчите ќе мора да објаснат некои работи.
https://twitter.com/i/status/1761949326010454276