Јокиќ ја доби балканската битка против Дончиќ (видео)

Двете најголеми ѕвезди од Балканот ноќеска се пресметаа во Далас, а Никола Јокиќ излезе како победник од битката против Лука Дончиќ. Нагетси славеа со минимални 107:106 против Маверикс, а токму Џокерот го погоди клучниот кош за триумф.

Неизвесната пресметка се одлучуваше во самиот финиш откако домаќините цело време беа во минимална позитива. Денвер го бркаше резултатот од самиот почеток, а во клучните моменти одговорноста ја презеде Јокиќ и погоди во последниот напад на неговата екипа.

Јокиќ реализира за 107:106 на 7,9 секунди до крајот и со тоа ја донесе 26-тата победа за Денвер. Мечот го заврши со 33 поени, седум асистенции и шест скока. Дончиќ остана краток за еден скок во обидот да дојде до нов трипл-дабл, а заврши со 27 поени и 10 асистенции покрај деветте скока.

Одлична партија одигра Џејмс Харден во триумфот на Хјустон на гостувањето кај Атланта. Ракетите славеа со 122:115, а Брадата со трипл-дабл од 41 поен и по 10 скока и асистенции и на тоја начин ги приземји Јастребите.

Сепак, Џејмс не беше најефикасниот играч на средбата бидејќи вонсериска партија одигра и Треј Јанг. Младата ѕвезда на Хокс реализира исто така трипл-дабл со 42 поени, 13 скока и 10 асистенции. За победата на Хјустон придонесе и Клинт Капела со 22 поени и исто толку скока.

Oстанати резултати:

Бостон – Сан Антонио 114:129, Шарлот – Торонто 110:112, Индијана – Мајами 108:122, Орландо – Вашингтон 123:89, Њу Орлеанс – Чикаго 123:108, Јута – Њујорк 128:104, Голден стејт – Милвоки 98:107.

- Оглас -

Најнови вести