Јокиќ како машина: Даде 30 поени, а речиси беше без промашување (Видео)

Српскиот кошаркар во тимот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, одигра уште еден меч за памтење. Јокиќ постигна 30 поени, имаше 10 скока и девет асистенции, што значи дека му фалеше само едно додавање за нов трипл-дабл.

И покрај тоа што немаше трипл-дабл, овој меч на гостувањето кај Детроит ќе се памти како речиси перфектен за Јокиќ, кој погоди 14 од 18 шута од поле (78 отсто прецизност), а Денвер победи со 119:100.

Индијана го приреди најголемото изненадување на вечерта откако како гостин со 139:123 го победи Милвоки бакс. Според досегашниот биланс, Милвоки е најдобар тим во лигата, додека Индијана е на 11-тото место на Истокот и се бори некако да стигне до плејофот.

Победата на Индијана е уште поизненадувачка ако се знае дека Милвоки одлично го започна мечот и поведе со 21:8, а по првата четвртина имаше 10 поени позитива (40:30), а на полувреме фаворитот водеше со 64:55.

Во средината од третата четвртина Милвоки водеше и со 14 разлика (79:65), но потоа следуваше неверојатна игра на гостите, па во пресрет на последната четвртина успеаjа да влезат со предност од 104:101. Во решавачката четвртина доминираа гостите, кои откако поведоа со 117:107 беше јасно кој ќе победи.

Резултати: Детроит – Денвер 100:119, Бруклин – Сакраменто 96:101, Торонто – Оклахома 128:111, Милвоки – Индијана 123:139, Феникс – Орландо 116:113.

- Оглас -

Најнови вести