8181 Кевин Дурант (Бруклин нетс – Денвер нагетс, 01:30ч)
Ирвинг и натаму го нема во тимот на Бруклин, па целиот товар падна на Дурант. Ѕвездата на Нетс забележа високи 36 поени во поразот против неговиот поранешен тим Окалхома, но ноќеска првпат ќе ги одмери силите против расположениот Никола Јокиќ.
Денвер се подобрува и ќе сака да продолжи во победнички ритам, а еден начин да се оствари тоа е да се спречи Дурант.
Предлог тип: Дурант <30,5 поени (1.87)
8397 Никола Јокиќ (Бруклин нетс – Денвер нагетс, 01:30ч)
Во претходните два натпревари кои Денвер ги доби, Јокиќ беше далеку од својот просек со 24,4 поени, но сега ќе мора да биде меѓу главните поентери на Нагетс за да се запише победа кај Бруклин.
Дурант нема да може сам да се надигрува со минатосезонскиот финалист од Западот во отсуство на Кајри Ирвинг, односно Јокиќ и Мареј ќе бидат преголем залак за екипата со шампионски амбиции.
Предлог тип: Јокиќ >24,5 поени (1.90)
8588 Хјустон рокетс – ЛА лејкерс (02ч)
Шампионот и по првото гостување во Тексас, го одржа максималниот учинок од пет гостински победи, по што целта на Лејкерс е да се триумфира и во втората пресметка против Хјустон.
Ракетите се доста ослабени во пресрет на дуелот, не играат Гордон, Хаус и Џон Вол, па не се гледа начин како Харден ќе успее сам да ги надигра Леброн и Дејвис. Брадата имаше скромни 20 поени, додека Веѓата беше најефикасен со 27 поени пред една ноќ, а негов нов блесок ќе им ги зголеми шансите на Езерџиите за шеста победа во низа против Хјустон.
Предлог тип: 2 & <221,5 поени (2.80)
8585 Филаделфија севентисиксерс – Мајами хит (01ч)
Филаделфија со поразот од Денвер го прекина перфектниот учинок на домашен терен, но како поефикасен тим на Истокот, ноќеска ќе се потруди да стави крај на кризата, и тоа против ланскиот вицешампион.
Мајами ќе се потпре на својата дефанзива, меѓутоа тренерот Сполстра е во проблеми бидејќи неизвесни за настап се Батлер, Адебајо, Драгиќ, како и Нан. Тука е шансата на Сиксерси да го одбранат домашниот терен, а воедно да го сведат противникот на помалку од 100 поени.
Предлог тип: T2 <101,5 поени (1.80)
8523 Стеф Кари (Голден стејт вориорс – Индијана пејсерс, 04:30ч)
Кари влезе во доста променлива форма откако блесна со личниот рекорд од 62 поени пред пет натпревари против Портланд. Првата ѕвезда на Воините беше одлична и против Клиперс со 38 поени, но во победата над Торонто имаше скромен учинок од само 11 поени.
Тешко е да се претпостави во какво расположение ќе биде неприкосновениот шутер, но треба да се земе предвид дека Индијана не е во добра форма. Кари дефинитивно ќе биде најголема закана, но Голден стејт може да триумфира и без тој да брка граница над 30 поени.
Предлог тип: Кари <30,5 поени (1.90)