Јокиќ конечно добива помош во Денвер, искуството е адут на Атланта против младоста на Хјустон

8376 Атланта хоукс – Хјустон рокитс (НБА, 01.30 часот)

Атланта во новата сезона во НБА влегува со големи амбиции, а во првиот натпревар игра против Хјустон, кој се наоѓа во процес на создавање нов тим. Екипата на Атланта во последните три сезони започнуваше со победи, додека Хјустон има пораз во последните четири години на отворањето на сезоната.
Хјустон е млад и талентиран тим кој минатата сезона оствари само 20 победи, додека Атланта имаше 43 победи и играше во плејофот.
Прва ѕвезда на Јастребите е Тре Јанг, а минатата сезона одлично одиграа Деандре Хантер и Џон Колинс, додека екипата летово се засили со Дежонте Мареј од Сан Антонио.
Хјустон иако оствари три победи во претсезонава и имаше само еден пораз, сега е аутсајдер во дуелот со Атланта, која сезоната ја стартува со големи амбиции кои одат и до големото НБА-финале.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 7.5 поени (1.73)

 

8450 Спенсер Динвиди (НБА, Феникс – Далас, 04.00 часот)

Спенсер Динвиди во февруари годинава пристигна во Далас маверикс и веднаш се наметна како втора опција во нападот по Словенецот Лука Дончиќ. Далас минатата сезона во полуфиналето на Западната конференција го елиминира Феникс, и тоа благодарение на двоецот Дончиќ-Динвиди. Во шестиот и седмиот натпревар кои ги доби Далас и се пласира во финалето на Западната конференција, Динвиди постигна 45 поени.

Предлог тип: >15.5 поени (1.87)

 

8443 Мајкл Портер Јуниор (НБА, Јута – Денвер, 04.00 часот)

Мајкл Портер Јуниор, крилото на Денвер нагетс, ја пропушти цела мината сезона поради повреда, и тоа откако се наметна како трета голема ѕвезда на екипата по Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Портер Јуниор на последниот подготвителен натпревар против шампионот Голден стејт постигна 17 поени и најави дека се враќа во препознатливата форма од пред две години, кога просечно постигнуваше по 19 поени по натпревар.

Предлог тип: >14.5 поени (1.90)

 

8408 Јонас Валанчиунас (НБА, Бруклин – Њу Орлеанс, 01.30 часот)

Екипата на Њу Орлеанс пеликанс минатата сезона по пауза од пет години, настапи во плејофот, каде што загуби од Феникс санс со 4-2 во победи, а голем удел во успехот на екипата имаше Литванецот Јонас Валанчиунас.
Во отсуство на Зајон Вилијамсон, Валанчиунас беше главниот адут на Њу Орлеанс во играта под обрачите и не разочара, во регуларниот дел од сезоната има просек од 17,8 поени и 11,4 скокови по натпревар. Во плејофот против Феникс, на шесте натпревари просечно постигнуваше по 14,5 поени. Вечерва Њу Орлеанс игра против Бруклин и се очекува Литванецот да има поголема улога во нападот на својот тим бидејќи единствен вистински центар кај Бруклин е 23-годишниот Ник Клексон, кој минатата сезона постигнуваше 8 поени по натпревар.

Предлог тип: >14.5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести