16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Јокиќ крена паника во Денвер

Никола Јокиќ беше еден од најзаслужните што Денвер израмни на 1-1 против ЛА клипрес во полуфиналната серија на Западот, а сега ѝ прави проблем на неговата екипа. Јокиќ може да го пропушти третиот дуел поради повреда, односно исчашување на зглобот од десната рака.

Српскиот центар не се пожали по вториот меч дека има проблеми со раката, па затоа сега крена паника во редовите на Денвер на денот пред натпреварот (03 часот по полноќ) против Клиперс. Ќе биде во трка со времето да закрепне, поточно лекарскиот тим ќе треба да направи чудо за да му ја излечи шутерската рака на Јокиќ.

Јокиќ во разигрувањата просечно бележи по 25,7 поени, 8,7 скока и пет асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести