Бостон селтикс – Детроит пистонс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)
За Бостон почнува период во кој често ќе игра дома, и ќе сака со победа да ги израдува своите фанови. Проблем за Селтикс се повредите на Хејворд, Смарт, Поарие и Роберт Вилијамс Трети, а веројатно ќе го нема ниту Вонамејкер. Кај Пистонс го нема клучниот резервен играч Вуд, а Детроит е екипа со три порази на последните четири меча. Бостон дома има 10-1, на свој терен загуби само од Филаделфија и тоа пред една недела. И традицијата најавува победа на Бостон, но не поголема од девет поени разлика.
Предлог тип: Х 2 -8.50 (1.87)
Голден стејт вориорс – Њу Орлеанс пеликанс (Кошарка, НБА, 04.30 часот)
Голден стејт има убава прилика да ја запре црната серија од пет натпревари по ред без победа. Ова е трети нивен меѓусебен дуел сезонава, но прв во Сан Франциско, во Њу Орлеанс двата тима победија по еднаш. Њу Орлеанс како победник се врати од само едно од последните 19 гостувања кај Вориорс. Но, сега кај Воините ги нема Кари и Томпсон. Пеликаните синоќа победија во Минесота, па во позитивно расположение отпатуваа во Сан Франциско.
Предлог тип: >224.50 (1.98)
Денвер нагетс – Минесота тимбервулфс (Кошарка, НБА, 03.00 часот)
Нагетс оди по петтата победа едноподруго. После разочарувачките резултати на гостувањата низ Истокот, Грутките дома се покажаа како многу опасни. Минесота е беспомошна, има осум порази по ред, а веројатно повторно ќе бидат без центарот Таунс. Ова значи уште повеќе олеснета работа за Јокиќ и другарите. Единствено што укажува дека Денвер би можел да има проблеми е ако го потцени противникот, но може да се очекува добра игра на Србинот Јокиќ.
Предлог тип: Никола Јокиќ >18.5 (1.87)
Мајами хит – Њујорк никс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои играат променливо. Никс има 3-3 со новиот тренер Мајк Милер, а завчера дадоа 143 поени против Атланта со речиси ист број на поени на стартерите и резервите. Мајами доби пет од последните седум меча, но дома нема играно од 14 декември, а пред тоа на свој терен двапати по ред играше мечеви со продолжение. Никс на двете гостувања во Мајами во 2018 година губеше без да даде 100 поени, а примаше троцифрен број на поени, но овојпат прогнозираме дека двата тима ќе дадат над 100.
Предлог тип: Т1/Т2 >100.50 (1.70)
Торонто репторс – Вашингтон визардс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)
Гасол и Пауел се повредија на гостувањето кај Детроит и само ја зголемија долгата листа на повредени кај првакот Торонто. И Вашингтон има многу повредени. Визардс претрпе болен пораз од Чикаго откако испушти предност од 18 разлика во последната четвртина. Канадскиот тим нема да има милост кон Волшебниците. Торонто дома има шест победи по ред против тимот од главниот град на САД, и ќе сака таа низа да продолжи.
Предлог тип: 1 во Q1 (1.67)