24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Јокиќ на асистенција до трипл-дабл, Србија во затворен меч славеше над БиХ

Кошаркарската репрезентација на Србија славеше со убедливи 126-89 во пријателски меч против Босна и Херцеговина на почетокот од подготовките за настапот на Европското првенство.

Мечот беше од затворен карактер и без присуство на јавноста, но српските медиуми успеаја да дојдат до официјалната статистика. Никола Јокиќ постигнал 29 поени, имал 19 скокови и девет асистенции и за само едно проигрување не успеал да дојде до трипл-дабл.

Европското првенство се игра од 27-ми август до 14-ти септември во Финска, Кипар, Полска и Летонија.

- Оглас -

Најнови вести