Јокиќ наскоро ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА-лигата

Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун, неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лигата, тој е првиот играч кој ќе добие повеќе од 300 милиони евра, но наскоро и тоа може да се промени.

Браун во наредните пет години ќе инкасира 303,7 милиони долари, но новинарот Ен-би-си спортс, Курт Хелин, напиша текст во кој посочи неколку кошаркари кои можат да добијат поголеми договори од кошаркарот на Бостон и меѓу нив се наоѓа Никола Јокиќ кој неодамна со Денвер нагетс ја освои титулата во НБА лигата.

Според Хелин, Јокиќ во 2026 година, може да потпише договор вреден дури 400 милиони долари.

„Никола Јокиќ веројатно е најдобриот кошаркар на светот и минатата година потпиша нов договор со Денвер вреден 274 милиони долари. Сепак, благодарение на клаузулата која ја има во договорот, до 2026 година би можел да го потпише првиот договор во НБА-лигата кој ќе биде вреден 400 милиони долари. Поточно, Јокиќ може да добие 404 милиони долари за пет години и тие пари би ги добил без разлика дали ќе освои нова шампионска титула или повторно ќе биде прогласен за МВП на лигата. Тој кога ќе го потпишува следниот договор ќе има поминато повеќе од 10 години во НБА и ќе се квалификува да добие ваков договор“, напиша Хелин.

Според новинарот, супер-максимален договор во 2026 година тежок повеќе од 400 милиони долари, освен Јокиќ може да добијат и Џа Морант, Зајон Вилијамсон и Шеј-Гилџес Александер.

- Оглас -

Најнови вести