Никола Јокиќ не беше најефикасен на паркетот, ниту во составот на Денвер, но Нагетси и покрај тоа се вратија на победничките патеки и славеа со 118-125 на гостувањето кај Њу Орлеанс.
Србинот дојде до деветтиот трипл-дабл оваа сезона, откако уфрли 28 поени, на кои додаде и 11 скока и 12 асистенции. Најефикасен на паркетот беше кошаркарот на Денвер, Пејтон Вотсон со 32 поени, а во поразениот состав Дерик Квин постигна 30 поени.
Резултати:
Кливленд – Хјустон 104-114
Индијана – Шарлот 127-118
Филаделфија – Торонто 112-121
Мајами – Голден стејт 110-96
Минесота – Вашингтон 120-109
Њу Орлеанс – Денвер 118-125
Оклахома – Сакраменто 113-99
Далас – Њујорк 111-113
Портланд – Чикаго 121-122

