15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Јокиќ не ја сака славата: Не го сакам овој живот и не сакам децата да ме паметат како кошаркар

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, призна дека не му годи славата поради успесите кои ги има на кошаркарските терени и сонува да има нормален живот, посебно откако ќе се пензионира.

„Навистина не го сакам овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме само во тоа што го правиме. Но, медиумите постојано се околу нас и платени сме поради медиумите и популарноста. Некој сака, а некој не сака да биде познат. Кога ќе ја завршам кариерата би сакал никој да не ме знае, би сакал моите деца да ме паметат како татко, а не како кошаркар. Тоа е мојата цел. Исто така не сакам да имам телефон. Само сакам да бидам нормален, да одам на некоја пијачка со пријателите, да си играм со децата и да јавам коњи. Ако сега излезам и фрлам ѓубре во контејнер, ќе направат драма од тоа и тажен сум бидејќи кога одам во бар, во ресторан или на натпревар,сите ги вадат мобилните телефони и ме снимаат. Само сакам да го живеам мојот живот“, изјави Јокиќ во поткастот кај неговиот соиграч Мајкл Портер јуниор.

 

- Оглас -

Најнови вести