Никола Јокиќ и Денвер беа немоќни пред Јанис Адетокумбо и Милвоки и сосема заслужено забележаа убедлив пораз од 112-95. Грчкиот интернационалец беше незадржлив со 36 поени и 18 скока, додека Јокиќ уфрли 29 поени, но без поддршка од соиграчите беше немоќен да ја спаси својата екипа од пораз.
Уште од стартот на мечот, на паркетот постоеше само една екипа, а предноста на Милвоки постојано растеше. Домашните во еден момент имаа и +28, а најголем дел од предноста ја направија во моментите кога Јокиќ беше на клупата и се одмораше.
Актуелниот НБА шампион од вистински дебакл се спаси во последниот период кој го доби од 11 поени разлика, па поразот на крајот беше поподнослив.
Резултати:
Шарлот – Индијана 111-102
Кливленд – Филаделфија 121-123
Атланта – Чикаго 126-136
Торонто – Сан Антонио 99-122
Хјустон – Њујорк 105-103
Мемфис – Њу Орлеанс 87-96
Милвоки – Денвер 112-95
Далас – Вашингтон 112-104
Јута – Голден стејт 107-129
ЛА клиперс – Минесота 100-121