-1.2 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Јокиќ не може сè сам, па Денвер загуби, Дончиќ и Лејкерси немаа проблем (Видео)

Денвер го претрпе третиот пораз во последните четири меча откако на свој терен загуби од Минесота со 108:117. По овој резултат, Денвер падна на петтото место на Западната конференција, а токму Минесота сега е на четвртото место.

Денвер добро го отвори дуелот и во првата четвртина имаше и двоцифрена предност од 31:20. Во втората четвртина, кога Никола Јокиќ одмораше, Минесота направи пресврт и овие 12 минути ги доби со убедливи 36:19, за водство на гостите од 58:50 на полувреме.

Во вториот дел, Минесота ја контролираше предноста, па водеше дури и со 81:67, а потоа до самиот крај, Денвер не успеа да намали на помалку од шест разлика, па гостите заслужено се радуваа на крајот.

Јокиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, 13 скока и девет асистенции, а потоа следуваше Мареј со 25 поени. Кај гостите, дури четворица кошаркари постигнаа од 17 до 21 поен, па се покажа дека тимската игра беше решавачка околу победникот.

Лука Дончиќ го предводеше Лос Анџелес лејкерс до победа на свој терен против Сакраменто до 128:104. Дончиќ беше прв стрелец на мечот со 28 поени, а одличен беше и ветеранот Леброн Џејмс со 24 поени. Лејкерс сега се на шестото место на Западот.

Резултати: Њујорк – Сан Антонио 114:89, Денвер – Минесота 108:117, Чикаго – Милвоки 120:97, Бруклин – Кливленд 102:106, Индијана – Мемфис 106:125, Атланта – Портланд 135:101, Орландо – Детроит 92:106, Бостон – Филаделфија 114:98, Далас – Оклахома 87:100, ЛА клиперс – Њу Орлеанс 137:117, ЛА лејкерс – Сакраменто 128:104.

- Оглас -

Најнови вести