Јокиќ не можеше да верува дека Вембањама донесе книга да чита во соблекувалната (Видео)

Синоќа во Сан Франциско заврши олстар-викендот, а во главниот дел од овој спектакл за победата се натпреваруваа четири тима. Во ист тим играа Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Јокиќ и Вембањама беа дел од екипата „Глобал старс“, составена од кошаркари што доаѓаат надвор од Америка, а сцена од соблекувалната пред почетокот на натпреварот стана вистински хит.

Јокиќ се изненади кога виде дека Вембањама носи книга во соблекувалната и едноставно мораше да го праша зошто ја купил.

„Навистина си донел книга?“, го праша Јокиќ, а Вембањама, максимално сериозно му одговори: „Да! Читам пред секој натпревар.“

Потоа следуваше реакцијата на Јокиќ, кој ја стави раката преку очите и почна да се смее, а видеото брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Тимот во којшто играа Јокиќ и Вембањама во финалето на олстар-турнирот беше поразен од тимот предводен од Шекил О’Нил, за којшто настапија Тејтум, Дурант, Харден, Кари, Лилард, Ирвинг и Браун.

Тие победија со 41-25, а најефикасен беше Тејтум со 15 поени, додека МВП признанието му припадна на Кари, кој постигна 12 поени и имаше четири скока.

Јокиќ постигна само 2 поена за 11 минути на теренот, додека Вембањама беше единствениот расположeн во тимот со 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести