Јокиќ не успеа трета година по ред да биде најдобар, Ембид е МВП на НБА-лигата

Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џоел Ембид, ја доби битката со Никола Јокиќ и утринава е прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Ембид, кој првпат ја добива најпрестижната награда во НБА-лигата, од вкупно 100 гласови за првото место, доби 75 и победи во гласањето пред Јокиќ, кој доби 15 и третопласираниот Јанис Адетокумбо, кој доби 12 гласови.

https://twitter.com/i/status/1653539518664912898

Ембид беше и најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната со просек од 33,1 поени по натпревар, а имаше и 10,2 скока и четири асистенции.

Јокиќ, кој беше блиску трета година по ред да биде МВП на регуларниот дел од сезоната, сезонава ја заврши со просек од 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции по натревар и го предводеше својот Денвер нагетс до првото место во Западната конференција.

Адетокумбо просечно постигнуваше по 31,1 поен и 11,8 скока по натпревар во регуларниот дел од сезоната и го предводеше Милвоки бакс до најдобриот скор во лигата (58-24), но загуби во првото коло од плејофот од Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести