Јокиќ нема да игра на СП за Србија!

Репрезентацијата на Србија на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини ќе мора да настапи без својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ.

Официјалниот список ќе биде објавен утре, но според медиумите во Србија неуспешни биле сите обиди да се убеди кошаркарот да настапи на Светсото првенство и да и помогне на Србија да дојде до пласман на Олимписките игри во Париз. Јокиќ дури и ја одбил и молбата на Богдан Богдановиќ да настапи на Светското првенство.

Со ова и амбициите на Србија ќе бидат далеку помали, со оглед на најавите од нашиот северен сосед дека целта е да се освои златниот медал, но неиграњето на Јокиќ, а претходно и отказите на Лучиќ, Калиниќ и Мициќ, ќе ја спласне и еуфоријата во Србија.

- Оглас -

Најнови вести