Никола Јокиќ постигна 41 поен, погоди седум тројки, што е негов нов рекорд во кариерата за погодени шутеви од линијата 7.24, но Денвер нагетс не успеаја да го скршат отпорот на ЛА клиперс и на крајот загубија со 104-109 во неизвесна завршница од вториот меч во новата сезона од НБА лигата.
Јокиќ на крајот беше трагичар, бидејќи 20 секунди пред крајот промаши едно од двете слободни фрлања за изедначување, а потоа не успеа да погоди тројка за продолжение во последните секунди од натпреварот.
Бостон селтикс славеа на гости против Детроит со 118-124, а предводник беше Џејсон Тејтум со 37 поени, четири скока и две асистенции.
Феникс санс беа подобри од Далас маверикс и победија со 114-102. Кевин Дурент со 20 поени и седум скока го носеше Феникс до триумф, а Лука Дончиќ во поразениот тим на Далас оствари ефект од 33 поени, шест скока и три асистенции.
На останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Шарлот – Мајами 106-114, Вашингтон – Кливленд 116-135, Чикаго – Оклахома сити 95-114, Мемфис – Орландо 124-111, Минесота – Торонто 112-101, Сан Антонио – Хјустон 109-106, ЛА лејкерс – Сакраменто 131-127.