8402 Атланта хокс – Јута џез (01.30 часот)
На хартија, овде фаворити се гостите, бидејќи Јута е најуспешен тим сезонава со биланс 16-5, додека Атланта има еден пораз повеќе од победи (10-11). Јастребите имаат и три порази на последните четири меча, додека во истиот период Џез има три победи и еден пораз. Србинот Богдановиќ и понатаму е во аут поради повреда, па на Хокс нема да им биде лесно да совладаат тим од кој загубија на 16-ти јануари со 92-116. Атланта дома има три порази по ред, реално, тешко дека ќе го избегнат и четвртиот.
Предлог тип: 2 (1.42)
8403 Мемфис гризлис – Хјустон рокетс (02.00 часот)
Мемфис е тим кој има одиграно најмалку натпревари сезонава, само 16, а доби девет од нив. Рокетс е на 10-10, а заедничко за овие тимови е што на претходниот меч им завршија долги победнички серии, па ќе сакаат да им се вратат на победите. Проблем за Хјустон може да биде ако не игра Џон Вол, чиј настап е неизвесен. Против Оклахома сити, Ракетите не се снајдоа без Вол, дадоа само 87 поени, а два дена претходно со Вол во составот, против истиот тим уфрлија 136.
Предлог тип: 1 (1.83)
8404 ЛА Лејкерс – Денвер нагетс (04.00 часот)
Ова е дерби на Западот, дуел на две од четирите најдобри екипи во таа конференција во моментов. Во минатата сезона, Лејкерс лесно го победи Денвер во плејофот, но Нагетс славеше на последното свое гостување во „Стејплс центарот“ во меч од регуларна сезона. Традицијата најавува дека двата тима ќе дадат над 100 поени. Иако на последниот дуел против Лејкерс даде 20 поени, веруваме дека разиграниот српски центар Никола Јокиќ може да постигне барем 24.
Предлог тип: Н. Јокиќ >23.5 (1.85)
8312 Монтреал канадиенс – Отава сенаторс (01.00 часот)
Тука не треба да има дилеми што да се типува, „единицата“ делува како „зицер“. Монтреал е прв со својата дивизија со 7-3, добро игра во последно време, а Отава има само една победа на 10 средби сезонава, и се наоѓа во лоша губитничка серија. Овие тимови речиси една година не играле меѓусебе, последниот меч има заврши 3-0 за Канадиенс, а пред тоа четири пати по ред во нивните мечеви се играле продолженија. Сенаторите од 16 јануари немаат победа, сите податоци наведуваат на победа на домашните.
Предлог тип: 1 (1.55)
8317 Сент Луис блуз – Аризона којотс (02.00 часот)
Сент Луис има четири победи по ред, прв е во својата дивизија, па важи за фаворит против Којотите кои загубија три од последните четири меча. Ова е всушност ревнш дуел, бидејќи Сент Луис и Аризона се сретнаа и вчера, а победија Блузерите со 4-3. Аризона надвор од својата сала нема победено уште од август, и тоа е шансата на Сент Луис.
Предлог тип: 1 (2.00)