Јокиќ одигра фантастичен меч, но не ја сопре доминацијата на домаќините

Детроит направи изненадување и на свој терен го победи Денвер со 128:123, дури по продолжение од пет минути во најнеизвесниот меч одигран вечерва во НБА-лигата. Малку невообичаено, но дуелите во НБА завршија порано и тоа е сè поради НФЛ-финалето, популарниот Супербол.

Денвер беше голем фаворит и во првата четвртина поведе дури со 21 поени предност, но Детроит не се предаде и во продолжение на дуелот ја намалуваше негативата. Веќе до полувремето, домаќините со фантастична игра стигнаа до водство од 68:65. Во второто полувреме се водеше израмнет меч, па мораше да се игра и продолжение. Нa крајот Детроит се радуваше на победата, иако кај Денвер фантастичен меч одигра Никола Јокиќ, кој заврши со трипл-дабл од 39 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Во останатите три меча, домаќините без проблем победија: Хјустон – Њу Орлеанс 117:109, Милвоки – Феникс 129:108, Торонто – Чикаго 129:102.

- Оглас -

Најнови вести