14.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Јокиќ одигра меч за историја, но на крајот збесна и повторно беше исклучен (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен меч во победата на Денвер против Вашингтон со 113:107, но поради нов инцидент, српскиот кошаркар повторно беше исклучен од игра.

Центарот на Денвер стана првиот кошаркар по Вилт Чемберлен во 1962 година што успеал да има повеќе од 19 поени, 15 скока и седум асистенции за помалку од 20 минути поминати на теренот.

И покрај фантастичната игра и билансот од 28 поени, 19 скока и девет асистенции, Јокиќ мораше предвреме да го напушти теренот откако повторно ги загуби нервите. Играчот на Денвер беше лут на судиите што не доби фаул, иако беше удрен во лицето.

Јокиќ почна да вика по арбитрите зошто не му досудиле фаул, а епилог на тоа беа две технички грешки, што значи и автоматско исклучување за Србинот. За Јокиќ ова е седмо исклучување во НБА-кариерата.

Стеф Кари е само на една тројка од израмнување на рекордот на Реј Ален по бројот на тројки во НБА-историјата. На дуелот против Индијана, Кари постигна пет тројки и сега е на бројката од 2.972 тројки, што значи дека на следниот меч на Годен стејт треба да биде испишана нова историја во најсилната лига во светот.

Дуелот против Индијана беше драматичен, а Голден стејт победи со поени во последниот напад.

https://twitter.com/i/status/1470581968198770693

Резултати во НБА лигата: Кливленд – Мајами 105:94, Индијана – Голден Стејт 100:102, Торонто – Сакраменто 124:101, Атланта – Хјустон 126:132, Бостон – Милвоки 117:103, Мемфис – Филаделфија 126:91, Далас – Шарлот 120:96, Денвер – Вашингтон 113:107, ЛА клиперс – Феникс 111:95.

- Оглас -

Најнови вести