24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Јокиќ повторно блескаше, Бостон останува единствен перфектен, Индијана „сама“ се победи дома (Видео)

Никола Јокиќ не сопира со одличните игри во новата сезона во НБА лигата. Српскиот центар беше одличен и го предводеше Денвер нагетс до победа над Чикаго од 123:101. Незадржливиот Јокиќ мечот го заврши со 28 поени, 16 скока, девет асистенции и три украдени топки. Како и на претходниот дуел, така и сега на Јокиќ му недостасуваше само едно додавање за да комплетира трипл-дабл.

Чикаго одлично парираше во првото полувреме кога гостите на пауза заминаа и со предност од 53:51, но Денвер се „разбуди“ во третата четвртина. Домаќините започнаа со серија од 8:0 и го превземаа водството со 59:51, за да неколку минути подоцна домаќините имаа предност од убедливи 18 поени разлика (77:59) и тогаш беше јасно кој ќе победи.

Бостон селтик останува единствениот непоразен тим сезонава. Во петиот меч, Бостон се израдува по петти пат, откако на гости го победи Бруклин со 124:114. Џејсон Татум беше предводник на победничкиот тим и на крајот заврши со 32 поени и 11 скока.

Највозбудливо беше во Индијана каде домашнио титм загуби од Шарлот со 124:125. Домаќините има за што да жалат бидеји на 30 секунди до крајот имаа слободно фрлање кое не го погодија за израмнување, а потоа имаа уште еден напад за победа, но воопшто не успеаа да упатат ниту удар, па 16.000 домашни навивачи останаа разочарани.

Резултати од мечевите кои се играа ноќеска: Индијана – Шарлот 124:125, Њу Орлеанс – Атланта 105:123, Орландо – ЛА лејкерс 120:101, Бруклин – Бостон 114:124, Хјустон – Сакраменто 107:89, Минесота – Јута 123:95 и Денвер – Чикаго 123:101.

- Оглас -

Најнови вести