Кошаркарите на Денвер нагетс славеа со 125:114 над Далас маверикс во првиот натпревар од новото натпреварување во најдобрата кошаркарска лига на светот – НБА купот.
Денвер славеше на крилјата на Никола Јокиќ на кого една асистенција му недостасуваше за трипл-дабл.
Nikola Jokic is the 1st player to begin a season with 6 straight 20-point, 10-rebound games since Joel Embiid in 2018.
He is the 1st player to do this in Nuggets history. pic.twitter.com/SoxzdQyeQ4
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) November 4, 2023
Србинот мечот го заврши со 33 поени, 14 скока и девет асистенции, но и покрај тоа стана првиот кошаркар во историјата на Денвер нагетс кој сезоната ја започнал со шест натпревари на постигнува најмалку по 20 поени и 10 скока.
Одличен натпревар за Денвер имаше и Кевин Портер јуниор со 24 поени, додека Џамал Мареј и Арон Гордон дадоа по 18.
На спротивната страна, Лука Дончиќ имаше учинок од 34 поени, 10 скока и осум асистенции, но не успеа да го избегне првиот пораз на Далас сезонава.
Натпреварите од НБА купот се играат во рамки на регуларниот дел од сезоната и во Б групата во Западната конференција, покрај Денвер се наоѓаат уште и ЛА Клиперс, Њу Орлеанс и Хјустон.
Неверојатен натпревар одиграа и Голден Стејт и Оклахома сити во кој постигнаа дури 280 поени, а на крајот славеа Воините со 141:139.
Стеф Кари со 30 поени ги предводеше Воините до петтата победа по ред, а притоа ги даде и поените за победа на 0.2 секунди до крајот на мечот.
Дамиан Лилард постигна 30 поени во победата на Милвоки бакс од 110:105 над Њујорк никс за кого одличен меч одигра Џејлен Бронсон со 45 поени.
Резултати: Индијана – Кливленд 121:116, Милвоки – Њујорк 110:105, Чикаго – Бруклин 107:109, Мајами – Вашингтон 121:114, Оклахома сити – Голден стејт 139:141, Денвер – Далас 125:114, Портланд – Мемфис 115:113.