Јокиќ продолжува да руши рекорди во НБА, Лејкерси шокирани од Јута на гости (Видео)

Никола Јокиќ продолжува да руши рекорди во НБА-лигата откако дојде до својот 25-ти овосезонски трипл-дабл. Тој е само третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој успеал да дојде најмалку до 25 трипл-дабал ефекти во три последователни сезони. Србинот се израмни со Оскар Робертсон, кој три сезони по ред имал ваков ефект, а Расел Вестбрук е единствениот кошаркар на кој четири сезони по ред му успевало вакво нешто.

Српскиот кошаркар имаше ефект од 26 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата на Денвер од 132-121 над Портланд. Сепак, на овој меч имаше комплетна доминација на Џамал Мареј, кој мечот го заврши со неверојатни 55 поени.

ЛА лејкерс доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Јута, од 131-119, откако само пред два дена на домашен терен го совлада истиот противник со 132-119. Предводник на Јута беше Марканен со 32 поени, додека Леброн Џејмс заврши со 18 поени, а Лука Дончиќ уфрли два поени помалку од него.

Резултати:

Бостон – Сан Антонио 116-103
Орландо – Шарлот 102-86
Вашингтон – Индијана 130-134 (120-120)
Бруклин – Филаделфија 100-96
Њујорк – Атланта 149-148 (137-137)
Торонто – Кливленд 108-131
Чикаго – Детроит 110-128
Минесота – Милвоки 101-103
Њу Орлеанс – Сакраменто 111-119
Оклахома – Мајами 115-101
Хјустон – Феникс 119-111
Денвер – Портланд 132-121
Јута – ЛА лејкерс 131-119
Далас – Голден стејт 111-107
ЛА клиперс – Мемфис 128-114

- Оглас -

Најнови вести