Јокиќ се надмина и себеси, направи нов историски потфат во НБА (Видео)

На центарот Никола Јокиќ од Денвер нагетс му требаа само три четвртини од натпреварот со Портланд за да направи трипл-дабл, а конечната статистика го направи прв кошаркар во историјата на НБА, кој двапати (Вилт Чемберлен има успеано еднаш) имал трипл-дабл со над 30 поени и над 90 проценти реализација на шут од поле.

Јокиќ рано утрово погоди 13 од 14-те обиди од поле, што е 93 отсто реализација, и средбата ја заврши со 36 поени, 12 скока и 10 асистенции (13-ти трипл-дабл сезонава, 89-ти во кариерата). Кај Блејзерс, Демиен Лилард уфрли 44 поени, но Денвер победи со 122-113.

Милвоки без Адетокумбо победи против Торонто со 130-122, Бруклин без Дурант и Ирвинг го претрпе третиот пораз по ред, овојпат од Сан Антонио со 98-106, а Филаделфија предводена од 41 поен на Ембид славеше над ЛА клиперс со 120-110.

- Оглас -

Најнови вести