Јокиќ шокираше кога кажа што јаде за доручек, внесува по 5.000 калории

Никола Јокиќ беше гостин во едно шоу во САД, каде што требаше да зборува за искуствата кои ги има низ хотелите во кои престојувал. Раскажуваше за тоа кој хотел бил добар, каде храната била погодена, кој имал најдобар поглед, а Јокиќ откри и како изгледа еден негов доручек.

„Кајгана од пет јајца, заедно со сланина, шунка и спањак. Не смее да биде течно, но не смее да биде ни премногу суво. Потоа следува овошна каша со ореви, бадеми, боровници и мед. На крајот доаѓа шејк во којшто има банана, шумско овошје и малку сок од јаболка. Богами, во тој доручек има околу 5.000 калории“, откри Јокиќ.

Пред да дојде во НБА, Јокиќ имаше проблеми со тежината, но во САД ги промени навиките и веќе не јаде брза храна и не пие газирани сокови. Србинот доминира на НБА-терените во изминативе неколку години. Двапати беше прогласен за МВП, а минатата сезона со Денвер стана шампион во најсилната кошаркарска лига во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести